Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница во Собрание

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница во Собрание

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата достави барање до Собранието за одржување на итна седница на која ќе се разгледува Предлог законот кој тие го поднесоа, а се однесува на Законот за енергетика.

„По вчерашната прес конференција на Ковачевски видовме дека Владата едноставно препишала делови предлог мерките кој што ние како ВМРО-ДПМНЕ го понудивме, но сметаме дека она што Ковачевски го презентираше не е доволно. Имено, во мерките кои што Ковачевски ги презентираше слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи но случајно или не ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството“, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие бараат парламентарното мнозинство да го прифати нивниот предлог.

„Со Предлог законот за енергетика кој што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во самиот текст опфатени се и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија. Ако СДСМ и Ковачевски навистина се грижат, еве нека го поддржат нашиот Закон за енергетика. Со тоа ќе покажат дека се грижат за граѓаните и за стопанството. Во нашиот предлог закон покрај училиштата и здравствените уставови опфатени се и водостопанските и комуналните претпријатија. Со тоа директно ќе им олесниме на граѓаните и стопанството да не доаѓа до поскапување на услугите поврзани водоснабдувањето. Ајде прво да ги изгласаме овие измени на законот, па потоа да ги изгласаме и задолжувањето кај ЕБОР и сите оние конфузни предлог мерки кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден“, додаде Мицевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни