Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека одредениот притвор за Јанакиески и Божиновски се со цел да се дефокусира јавноста.
„Доколку судот ги отфрли жалбите без никаков аргумент, тоа ќе биде потврда дека правната држава тука повеќе не постои. Почитувани, Зоран Заев е подготвен да ја жртвува сета држава, сите полициски и гранични службеници, само и само да се спаси себе си од одговорност. Притоа, жртвува и притвора луѓе како Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, или кој и да е на ред за дефокус на јавноста”, се вели во реакцијата на опозициската партија.
