ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не бега од одговорноста, законските измени веднаш да се стават на седница

Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Венко Филипче да превземе одговорност за корона кризата, и законските измени веднаш да се стават на собраниска седница. Од опозицијата сметаат дека токму Филипче е виновникот за целата ситуација со корона кризата.

„Министерот за здравство Венко Филипче веднаш без никакви изговори да ги достави предлог законските измени со цел заштита на јавното здравје на граѓаните во ситуација на пандемија со КОВИД-19. Законот за заштита на населението од заразни болести и новите мерки за
превенција од понатамошно ширење на вирусот може да бидат изгласани доколку тоа вистински го сака Филипче.

Крајно време е Филипче да прекине да бега. Филипче е главниот виновник за целата ситуација во врска со корона кризата
во која се наоѓа Македонија. Не може Филипче да бега од одговорност. Филипче конечно треба да понесе одговорност.

Предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за специјална државна комисија за справување со пандемија која ќе брои 11 члена и во која по функција би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози тројца членови, епидемиолози двајца членови,
микробиолози двајца членови, еден имунолог и еден специјалист интернист, ќе биде поднесен како посебен предлог независно од предлогот за законски измени. Крајно време е за делување во насока на здравјето на граѓаните.“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното