Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и врати на Кузеска: Ниту Филипче, ниту Шилегов се ВМРО-ДПМНЕ, заедничко за нив е тоа што се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните!

ВМРО-ДПМНЕ и врати на Кузеска: Ниту Филипче, ниту Шилегов се ВМРО-ДПМНЕ, заедничко за нив е тоа што се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните!

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

Како што велат, ниту Венко Филипче, ниту пак Петре Шилегов се дел од ВМРО-ДПМНЕ.

„За прес-конференцијата на Богданка Кузеска која се однесува на трката кој е поголем ВМРО-ДПМНЕ, Филипче или Шилегов, ќе ја пресечеме со фактот дека ниту едниот, ниту другиот не се ВМРО-ДПМНЕ, но сигурно е дека се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните.

Заеднички именител им е што народот ги знае добро и не се алтернатива, ниту можат да направат нешто добро за државата, освен да ја заглават да не може потоа со години да се одглави“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни