Инфлацијата во Македонија руши рекорди, а за жал е една од највисоките стапки во цела Европа. Во месец август измерена е официјална стапка на инфлација од 16,8%, што е далеку повеќе од земјите во целиот регион. За една година граѓаните во Македонија плаќаат двојно поскапо за основните животни продукти, леб, масло, млеко, месо, поскапо гориво електрична енергија. Со други зборови тоа што порано можеше да се купи со 500 денари денес не може ни со 1000 денари.
Стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа, а на власта на Ковачевски око не и трепнува за тоа. Згора на се, Македонија освен што најбрзо осиромашува има и најнизок раст на БДП за вториот квартал од само 2,8%. Месец Јули го завршивме со пад на индустриското производство во споредба со лани, а близу една четвртина од компаниите немаат исплатено јулски плати.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ
