Македонија

ВМРО-ДПМНЕ избира нови членови во раководните тела

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница ќе расправа за избор на нови членови во раководните тела на партијата.

Партискиот лидер Христијан Мицкоски минатата недела најави дека бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ од двајца ќе се зголеми на четворица, а ќе се прошири и составот на Извршниот комитет.

Седницата на Централниот комитет на партијата се одржува во салата на кино „Милениум“.

Според најавата од партијата, по гласањето за нови членови на Извршниот комитет, изјава за медиумите ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни