Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг како одговор на новинарско прашање рече дека неговата партија во иднина ќе ја контролира работата на двајцата функционери од ДУИ кои градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера ги постави како директори на две скопски претпријатија.
„Станува збор за кадровска политика на Арсовска и ние не се мешаме во тој избор. Ние немаме ништо против доколку тие го спроведуваат концептот „За модерно Скопје“ и работат позитивно. Она што е важно е дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во управните и надзорните одбори на тие јавни претпријатија и така можеме да го контролираме нивното работење. Ќе ги следиме внимателно сите нивни чекори“, порача Мицкоски.