Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертираше од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, не сакаше да ги штити националните интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертираше од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, не сакаше да ги штити националните интереси

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинуваат дека премиерот Димитар Ковачевски дезертирал од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, односно не сакал да ги штити националните интереси.

„Дезертерот Ковачевски единствено што знае е да дезертира кога и е потребен на државата.

Ковачевски не беше помеѓу Македонците од Бугарија, тој се откажа од нив.

Ковачевски е наследник на Заев кој ги создаде проблемите на Македонија и чија политика на виткање на кичма ја предизвика негацијата на јазикот, идентитетот и историјата.

Ковачевски е наследник на Заев, кој ја извади кованицата еден народ, и еден јазик, кои беа изненадување и за најголемите бугарски шовинисти.

Ковачевски сега може да види дека ниту тој, ниту Заев се Македонија, и дека штетата која тие ја нанесоа ќе се исправи, но народот нема да заборави како ги рушеа националните интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни