ВМРО-ДПМНЕ: Мила Царовска, јасно и гласно кажа или ќе ги замрзнеме пензиите или ќе работите до 67 години

ВМРО-ДПМНЕ на својот прес повторно со критики кон владеачката СДСМ.

„Криминогената хунта за да има повеќе пари за министри, крати од пензиите. Криминогената хунта за новите институции и администрацијата за двојазичност, зема пари од пензионерите! Штом на Зоран Заев и на криминогената хунта им дојде до пензиите, јасна е сликата за економијата, за растот, за „ЌЕ“ на Тевдовски, за инвестицискиот бум, за реализација на капиталните инвестиции.

Мила Царовска, јасно и гласно вели – или ќе ги замрзнеме пензиите или ќе работите до 67 години! Во превод нема пари во државата за пензии! Тоа се реформите препознатливи за СДСМ. Две години предупредуваме дека економијата пропаѓа, дека има само задолжувања, дека државата ќе дојде до степен да нема пари за пензии. Две години лажеа дека согласно со изборната програма нема да има кратење на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање, туку дека ќе има можност за предвремено пензионирање до максимум пет години.

Две години со криминогената хунта нема пари, нема зголемување на пензиите, а сега и директно ќе земаат од пензионерите. Со законските измени се крати процентот за раст на пензиите кој што го следи растот на просечно нето исплатената плата за сите вработени во Република Македонија.

Ете тоа се лагите на СДСМ, тоа се реформите на Зоран Заев и криминогената хунта! Тоа е следствено на зголемувањето на даноците, на ударот врз пазарџиите, на поскапувањето на за нив поевтиниот леб. Тоа е воспоставената практика на СДСМ, наместо реална економија, да кратат од народот. Ова продолжеток за оние кои што заборавија на кратењето од СДСМ на 8% на пензионерите.

Криминогената хунта во владата не пропушта да си ги качи платите на министрите, не пропушта да дозволи поголеми плати на административците кои одработуваат за нив, не пропуштаат тендери и државни фондови, ама за пензионерите пари нема! Е па така е тоа кога се нема чувство дека немаат сите станови за издавање за 5..000 евра, немаат сите компании за продавање на грчки компании, немаат сите бишкарник – менувачници!

Криминогената хунта на Зоран Заев гази по достоинството на државата, удри по ранливите категории, ги девастираше сите општествени сфери, тендерски навлезе во сите пори на економијата, стимулирајќи сива економија!

Над 300 илјади пензионери се жртви на лагите на црнилата, над 300 илјади семејства од ранливата категорија зависни од пензиите се жртви на нехуманоста и изместените вредности на криминогената хунта.

Почитувани, ќе паднат. Ќе паднат многу скоро, а падот ќе биде многу болен за нив. А, потоа, потоа заедно ќе го вратиме достоинството во Република Македонија!“

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното