Опозициската ВМРО-ДПМНЕ направи уште еден исчекор во нејзиното оспорување на Законот за употреба на јазиците. Од таму велат дека ќе поднесат кривични пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери, заменик-генералниот секретар на Собранието, Неџбедин Ибраими и директорот на Службен весник, Мартин Костовски.
Од Кабинетот на Џафери, за ТВ21 велат дека собранискиот спикер, законот го испратил во Службен весник согласно Членот 52 и 75, Став 1 и 2 од Уставот. Директорот на ЈП „Службен весник“, пак, Мартин Костовски не сакаше да ја коментира најавата на ВМРО-ДПМНЕ за поднесување кривична против него. Опозициската партија исто така бара воведување времена мерка за стопирање на примената на овој закон. Најавија и барање до Уставниот суд за разгледување на уставноста на законот. Ова го направи Јове Кекеновски, во име на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, познавачот на Уставот, Насер Зибери, смета дека при носењето на законот немало кршење на Уставот, па затоа изразува убедување дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата за разгледување на уставноста на Законот за употреба на јазиците.
“Уште повеќе што предлагачот се повикува на Член, односно амандман на Уставот, кој не го регулира прашањето за начинот на носење на Законот за употреба на јазиците. Амандманот 18 се однесува на уставните и законските одредби кои не се поврзани со Законот за употреба на јазиците, туку напротив, се однесува на Преамбулата на Уставот, одредбите кои ја загрозуваат слободата и правата на немнозинските заедници, Законот за локална самоуправа, но не и Законот за употреба на јазиците. Затоа, барањето – Законот за употреба на јазиците да се донесе со 2/3 од вкупниот број пратеници, е незаконско и како такво не може да биде поддржано од Уставниот суд“, вели Насер Зибери – правник.
Според Зибери, при носењето на законот немало повреда на Уставот, бидејќи како што вели, во постапките пропишани со закон и Деловникот на Собранието, се испочитувани сите процедури за одобрување на законот. Сепак, Кекеновски бара Уставниот суд да го земе предвид фактот што на законот не фигурира потписот на Претседателот Иванов, но Зибери со став дека законодавниот дом го изгласал законот трипати со апсолутно мнозинство и дека истиот морал да стапи на сила, и покрај тоа што Иванов не го потпишал. Дури, како што вели Зибери, со непотпишувањето, Иванов го прекршил Членот 75 од Уставот.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ
