Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот без разлика на резултатите од евентуалниот референдум.
„Без разлика на резултатот од референдумот, ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија, нема да поддржи промена на Уставот под овие околности. Без разлика каков ќе биде резултатот од референдумот“, порача Мицкоски.