ВМРО-ДПМНЕ: Нема крај на понижувањата од страна на Заев, никој од Владата веќе не смее да го употребува името Македонија

„Зоран Заев и криминалниот картел во неговата влада нема да смеат да го користат името Македонија и префиксот македонски, ниту на социјалните мрежи.

Зоран Заев јавно во медиумите се колнеше дека немало никој да го смени називот на Владата на Република Македонија, а сега ќе мора да внимава да не го употреби името на земјава ниту на социјалните мрежи.

На понижувањата кои Заев му ги приреди на македонскиот народ им нема крај. По срамното писмо на Димитров до грчкото МНР, Грција побара од владата и од министрите да не се користи Македонија и македонски по социјалните мрежи.

Високи грчки претставници во неколку наврати започнаа владата на СДСМ да ја предупредуваат за официјални потреби и обраќања кон јавноста да не се користи Македонија.

Владата на СДСМ за две години од својот мандат ги продаде највисоките национални и државни интереси исклучиво од лукративни причини. Со договорот од Преспа освен уставното име се менува и идентитетот, а се брише и македонскиот јазик, историја и култура“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21