Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше седница на која за нов претседател на УМС на партијата е избран Јован Јаулески. Исто така беа избрани и советници за меѓународна и меѓусоседска политика на претседателот Христијан Мицкоски.
„ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го избра Јован Јаулески. Меѓу другите кадровски решенија кои беа утврдени, за советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони Димитриевски.
ИК изврши избор и на претседатели и членови на Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција и Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги.
ИК за претседател на РИШ за пресtојните избори го потврди изборот на Игор Јанушев, генерален секретар на партијата.
На седницата на ИК беше дискутирано и за подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи во Струга на 16 февруари.
Дополнително ИК дискутираше и за актуелната политичко-економска ситуација во државата и хаосот кој го предизвика власта, констатирајќи дека најбрз и најефективен излез се само предвремени парламентарни избори, кои е потребно да се одржат заедно со претседателските“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.