ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани на расправата за ребалансот на буџетот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во однос предлог мерки, изјави дека кога ќе дојдат тие предлог законски решенија пред пратениците тие сериозно ќе ги анализираат, ќе се консултираат со сериозни врвни експерти од областа на медицината во пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе направат се што е најдобро и во интерес на граѓаните а со цел соочување со проблем и корона
вирусот.

Се вчитува...

„Би нотирал дека голем дел од мерките кои што се носеа во периодот кога постоеше вонредна состојба исто така се носеа преку уредби со законска сила што значи дека владата во тој момент ги користеше надлежностите кои што произлегуваа од вонредната состојба да носи средби со законска сила сега бидејќи веќе немаме вонредна состојба тие надлежности тие надлежности се враќаат таму каде што припаѓаат во Собранието. Сметам дека ние треба да направиме се да се
почитуваат и да се воспостават сите соодветни мерки кои што ќе ги препорачаат релевантните здравствени власти. Кога ќе дојдат тие предлог законски решенија пред нас како пратеници ние сериозно ќе ги анализираме ќе се консултираме имаме сериозни врвни експерти од областа на медицината во нашата пратеничка група и верувам дека ќе направиме се што е најдобро и во интерес на нашите граѓани а со
цел соочување со овој проблем“ нагласи Муцунски.

Во однос на новиот ребаланс на буџетот Муцунски истакна дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани и со предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, како амандмани поврзани со намалување на загаденоста на воздухот.

„Утре ја почнуваме комисиската расправа за ребалансот на буџетот, ќе кажам дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани меѓу другото и предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за намалување на загаденоста така да продолжува тој дијалог во собранието ние активно учествуваме во подобрување на тој ребаланс на буџетот, од страна на владата ќе
видиме колкав е капацитетот за дијалог во интерес на граѓаните а од гледна точка на парламентарна процедура уште утре ќе видите дека тековно функционира собранието“, рече Муцунски.

.

Извор: ТВ21