ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение прашува според кои критериуми Петри Муслиу и Бесмира Ејупи добиле толку важни дипломатски позиции во САД.
Од таму додаваат дека СДСМ и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор.
„Именувањето на конзули во Њујорк и Чикаго е уште една потврда за тоа. Кога јавноста помисли дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира, па на клучни позиции испраќа ТВ водителка и син на еден аналитичар, без никакво дипломатско искуство. Именувањето на Бесмира Ујупи за конзул во Њујорк и Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу за конзул во Чикаго е скандалозно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие упатија и прашања за тоа дали Муслиу позицијата ја добил заради тоа што неговиот татко ревносно ја брани владата на ДУИ и СДСМ и дали ТВ презентерката Ејупи се квалификувала за ваква позиција затоа што прочитала неколку вести од рубриката „Свет“.
„Ова ли се „тешкашите“ во дипломатијата кои ги најавуваше мафијата на власт? Пиунот Ковачевски и Бујар Османи должат одговори, но и одговорност за погубната дипломатија која ја водат. Не е ни чудо што и се случува на Македонија на меѓународен план, кога вакви кадри ја водат македонската дипломатија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.