ВМРО-ДПМНЕ против предлогот за поскапување на паркингот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница на Совет на Град Скопје беше против предлогот за зголемување на цената на паркинг. Во продолжение обраќањето на советничката Светлана Колариќ:

„Во име на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата барам точка 15, предлог одлука за давања на согласност на одлуката за измена и дополнување на ценовникот на услугите коишто ги извршува Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје да биде тргната од дневниот ред.

Се вчитува...

Причината која е? Сметам дека со новата одлука само паушално се прикажува на јавноста и на граѓаните дека се решаваат одредени проблеми.

Јас за жал ќе спомнам нели дека секој проблем треба системски да се решава и да се гледа од повеќе аспекти. Од друга страна и градоначалникот Шилегов постојано го слушам дека на сите проблеми системски треба да се пристапува и да се прават анализи од повеќе аспекти, а притоа да се слушаат и надворешните експерти и јавноста какво мислење има за дадените прашања и проблеми.

Ако го погледнеме членот 8 којшто укажува дека се зголемува  месечната претплата за вработени во ЈЗУ „8-ми септември“ и исто така за вработените во комплекс клиники „Мајка Тереза„  во суштина само можам да кажам дека во овој дел би ги спомнала техничкиот персонал што работи на клиниките односно медицинските сестри, техничари, фармацевти, лаборанти на којшто многу минимално им ја покачивте платата, а сега сакате преку паркингот парите да си ги вратите назад во буџетот. Ова покажува дека со паркингот и со радио дифузната такса вие навистина си играте мајтап со граѓаните којшто ја дадоа довербата.

Ова од друга страна мене ми дава за право да размислам дека вие немате стратешка определба за клиничкиот центар, којшто, нели го најавивте дека ќе биде изграден, па од таму системско решавање на проблемот е навистина дека имаме две паркинг паркинг простори односно паркинг простор за вработените во клиничките центри, а друг паркинг простор за пациентите.

Ја имам јас во предвид гужвата  којашто се случува на паркинзите на клиниките меѓутоа дека ќе го решите прашањето со покачување на билетот навистина е една ноторна глупост.

Градоначалниче убедена сум дека освен вашите 25 или 36 краткорочни мерки кои што ги донесовте, а се испоставија дека имаат нула ефект на процентот на загадување со ПМ10 и со ПМ2,5 честички во воздухот во Скопје, навистина сметам дека донесувате една пребрза одлука која што само ќе оди на грбот на граѓаните.“, изјави Колариќ.

Извор: ТВ21