ВМРО-ДПМНЕ со интерпелација за Спасовски, СДСМ: Помина времето на МВРО-ВМРО

По Димитров, интерпелација е поднесена и за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Според него, МВР на чело со Спасовски, е претворено во штит на криминалот и корупцијата, а на граѓаните на Македонија.

Владејачката СДСМ, одлуката на ВМРО-ДПМНЕ ја нарече демократски акт, додавајќи дека опозициската партија нема ниту план, ниту визија. Помина времето кога полицијата беше злоупотребувана во партиски цели, додаваат од СДСМ.

Се вчитува...

„Неспособниот Христијан Мицкоски нема план, нема идеја, нема визија за општеството и напредокот на државата па поднесува неосновани интерпелации. Мицкоски покажува дека е недостоен за граѓаните и за Македонија, преку неосновани барања за интерпелација се обидува да го закочи реформскиот процес, да ги забави процесите кои Македонија ја носат во ЕУ и НАТО. Времето кога полицијата беше злоупотребувана во партиски цели, кога цветаше криминалот, кога се криеја убиства, а МВР беше претворена во МВРО – ВМРО, заврши со заминувањето на антинародното ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“ – СДСМ.

Владата на Заев, досега се соочи со само интерпелации покренати од парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, другите опозициски партии, нивното незадоволство од лидерството го искажаа преку политички изјави.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21