Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Стандардот и економијата се уништени – Македонија со најголема инфлација и најмал раст на економија

ВМРО-ДПМНЕ: Стандардот и економијата се уништени – Македонија со најголема инфлација и најмал раст на економија

Со владата предводена од антимакедонската СДС економијата тоне. Последните податоци за стапката на инфлација во Македонија се поразувачки. Македонија има инфлација која е највисока во регионот и меѓу највисоките во Европа. Македонија според податоците за месец јули има инфлација од 16% што е повисоко од стапките на инфлација на Србија (12,8%), Бугарија (14,9%), Црна Гора (14,9%), Грција (11,3%), Хрватска (12,7%), Албанија (7,5%).

Ова покажува дека во кај нас граѓаните осиромашуваат многу повеќе од било која друга земја поради криминалната и неодговорна власт предводена од Ковачевски.

Дека состојбата е очајна говори и фактот што Македонија и во друг сегмент има еден од најлошите економски резултати, а тоа е растот на БДП во второто тромесечие од 2022 година. Македонија има раст од само 2,8% што е два до три пати полошо од сите балкански економии.

Стандардот на народот пропаѓа, цените на основните животни продукти расте за 50 до 100%, стопанството замира, а само криминалот и коруптивните зделки на власта растат. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни