ВМРО-ДПМНЕ вели состојбата е алармантна, Ѓорчев: За еден месец Македонија ја напуштиле 1500 лица

Само во текот на еден месец од Македонија се иселиле 1500 лица, а за една година околу 20 илјади лица, иако точната бројка никој не ја знае. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ситуацијата е алармантна бидејќи, како што тврдат тие, од 4 до 5 проценти од младата популација на годишно ниво ја напушта државата. Членот на извршниот комитет на опозициската партија Влатко Ѓорчев посочи дека амбасадата на Германија дневно издава по 75 визи, а швајцарската од 500 до 700 визи месечно. Ѓорчев вели дека масовно иселување има во сите делови на Македонија, а најмногу од Делчево и Гостивар. За ваквата ситуација тој ја обвини актуелната влада.

„Конкретно Заводот за статистика на Република Македонија за 2017 година вели дека најмногу се иселуваат граѓаните на општина Гостивар и граѓаните на општина Делчево. Значи се иселува и Западна Македонија, се иселува и Источна Македонија. Нема место од Македонија од кое што луѓето не заминуваат. Значи час поскоро итно, утре или потоно речено вчера Владата на Зоран Заев треба да преземе мерки околу ова“, изјави Влатко Ѓорчев.

Се вчитува...

Извор: ТВ21