ВМРО-ДПМНЕ: Зборовите на Сугарески се само уште една фаза од лажните ветувања на Владата

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира по повод прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска најави дека следната 2019 година, ќе биде година на капитални инвестиции во инфраструктурата.

„Зоран Заев и Горан Сугарески продолжуваат со лажни ветувања. Две години СДСМ немаат направено ништо на инфраструктурен план.

Се вчитува...

СДСМ целосно потфрли на инфраструктурен план. Реализацијата на капитални инвестиции за 3/4 од годината изнесува 1/4 од предвиденото. Власта доживеа фијаско и тоа е токму поради неспособноста и неработата.

Помина половина од од мандатот на СДСМ, а ништо од најавеното не е реализирано. Зоран Заев пред точно 2 години кажа дека во текот на нивниот мандат ќе бидат изградени 600 километри автопатишта, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта, ништо од тоа две години не е случај.

Наместо нови инвестиции СДСМ во изминативе 2 години ја блокираше изградбата на сите проекти почнати од ВМРО-ДПМНЕ, токму поради нивната неспособност и незнаење.

Две години СДСМ нема преземено ниту еден инфраструктурен зафат. Пресот на Сугарески е само уште една фаза во лажните ветувања почнати од нивниот лидер Зоран Заев пред изборите во 2016 година. Граѓаните две години немаат видено ништо од најавениот инфраструктурен бум, туку инфраструктурен застој.

Власта не направи ништо во изминативе две години, истото продолжува и сега. Граѓаните немаат време за чекање. СДСМ мора да си замине“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21