Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Можна појава на локални излевања кај помалите водотеци и суводолици

ВНИМАВАЈТЕ: Можна појава на локални излевања кај помалите водотеци и суводолици

Од УХМР известуваат дека соодветно најавата од синоптичарите за појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град“, а и поради веќе заситени почви и влажни терени, на одредени сливни подрачја е можна појава на локални излевања кај помалите водотеци и суводолици.

Достапните модели најавуваат потреба од внимателност на целата теритотија на Македонија.

Препорачуваме внимателно движење особено покрај реките и суводолиците поради појава на опасни води и свлечишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни