Македонија

Во 2016 и 2017 година зголемен процентот на отселени Македонци во Германија

Според податоците на Сојузната канцеларија за миграција на Германија, во 2016 и во 2017 година бројката на отселеници Македонци во Германија се зголемил за 28.4 %, објави денеска министерството за внатрешни работи на Германија.

Во тие две години, најмногу доселиници имало од Романија, дури 432.852, додека од Полска се доселиле 316.275, а од Бугарија 158.761.

Германија во 2016 и во 2017 година примила дури 3.42 милиони доселници, а од Германија се иселиле 2.5 милиони луѓе, па така бројот на жители се зголемил за околу 920.000.

Министерството не даде точни бројки за Македонија, туку само го изрази во проценти дека се зголемило за разлика од минатите 2014 и 2015 година. Нема официјални податоци за последните две години.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни