Дел од украдената дрога од селото Јосифово, Валандовско е пронајдена во синоќешната акција во Арачиново, која продолжи и во текот на денешиот ден.
Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обивнителство во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и активности со цел расчистување на кривичното дело „разбојништво“ извршено меѓу 3 и 4 декември во склад на фирма во Јосифово, валандовско при што се одземени близу два тона марихуана, изјави вечерва портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Посочи дека веднаш по добивањето на пријавата преземени се соодветни мерки и активности и по добиени оперативни сознанија извршени се претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајдена дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените.
Досега, потенцира, имаме шест осомничени лица за кои имаме обезбедено докази, но истрагата се проширува и продолжува.