Забраната за користење на социјалните медиуми за лица под 16 години стапи на сила на полноќ по локално време во Австралија.
Платформите како Инстаграм, ТикТок и Јутјуб сега се должни да ги блокираат сметките на корисниците под 16 години или да се соочат со казни до 33 милиони долари, објави Ројтерс.
Забраната, пофалена од родителите и застапниците за заштита на децата, а критикувана од технолошките гиганти и застапниците за слобода на говорот, претставува прв практичен обид за регулирање на пристапот на децата до дигиталните платформи и се очекува да послужи како модел за другите земји кои размислуваат за слични мерки.