Во декември во просек имало повеќе од 40 сообраќајни прекршоци на тетовското подрачје

Секторот за внатрешни работи во Тетово, излезе со бројки за сообраќајни прекршоци кои се случиле пред новогодишните празници, поточно во месец декември. Тие напоменуваат дека во просек на ден се случувале по 40 сообраќајни прекршоци.

„Во декември минатата година, на поширокото тетовско подрачје вкупно откриени се 1477 сообраќајни прекршоци или просечно по четириесетина дневно.

Се вчитува...

Поради тоа, од сообраќај биле исклучени 72 возила, најмногу за нивна техничка неисправност, како и 225 возачи. Од нив, 97 непоседувале валидни возачки дозволи, 54 управувале под дејство на алкохол, 64 возачи-почетници не се придржувале на законските ограничувања предвидени за оваа категорија на учесници во сообраќајот, a 5 немале соодветна категорија.

Во периодот за кој станува збор, изготвени, односно издадени се 799 мандатни и 341 прекршочен платен налог.Триста триесет и девет возачи писмено се предупредени  за прекршоците што ги направиле, на 134 времено им се одземени возачките дозволи, а на 34 сообраќајните дозволи.

За непрописно, односно погрешно паркирање,пак, минатиот месец ( декември ) санкционирани и подигнати се 289 возила, најчесто во централното тетовско подрачје“, велат од СВР Тетово.

Извор: ТВ21