Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Во Франција четири лица се повредени во напад со нож, Мароканец е уапсен

Четири лица се повредени денеска во напад со нож во подземната железница во Лион, во источно-централниот дел на Франција, каде што е уапсен 27-годишен Мароканец, на кој му е одреден полициски притвор.

Локалното обвинителство соопшти дека повредените не се во животна опасност.

„Осомничениот од мароканска националност и 27-годишна возраст, претходно не и е познат на полицијата, но неколку пати бил хоспитализиран поради психијатриски проблеми“, соопшти полицијата.

Неименувани полициски извори за AFP изјавиле дека нема елементи што би укажале дека станува збор за терористички акт.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни