Свет

Во Франција почнува дебата за проширување на опциите за крај на животот

Во Франција почнува дебата за проширување на опциите за крај на животот

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави национална дебата за проширување на опциите за ставање крај на животот, вклучително и истражување на опцијата за легализирање на потпомогнатото самоубиство, објави Асошиејтед прес.

Целта е следната година да се направат промени во оваа област. Според сегашниот закон во Франција, лекарите можат да ги задржат пациентите кои се сметаат за терминално болни со седативи додека не дојде до смрт. Но, засега не е легализирано потпомогнатото самоубиство.

Макрон во писмената изјава рече дека тело составено од граѓани ќе работи на ова прашање во наредните месеци во координација со здравствените власти, а планирано е да се одржат локални дебати во француските региони. Истовремено, Владата ќе разговара со пратениците од сите партии за да се најде најширок консензус, јави БТА.

Во својата реизборна кампања претходно оваа година, Макрон вети дека ќе ја отвори оваа дебата, навестувајќи дека тој лично ја поддржува легализацијата на самоубиството со помош на лекар.

Во Европа, евтаназијата во моментов е легализирана во Холандија, Белгија, Луксембург и Шпанија под одредени услови. Во Швајцарија е дозволено потпомогнато самоубиство, во кое пациентот сам зема смртоносна доза лекови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни