Свет

Во Германија има се повеќе волци

Во Германија има се повеќе волци

ВО ГЕРМАНИЈА зголемен е бројот на волци, а со тоа и на евидентирани напади врз добиток, што повторно ја поттикна дебатата за дозволите за лов, соопшти Федералната канцеларија за заштита на природата во Бон.

„Годинава бележиме благ пораст на глутницата волци од 158 на 161, што е очекуван природен пораст на бројот на животни“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за заштита на природата.

Во исто време, бројот на напади од волци врз добиток, пред се овци и кози, се зголеми од 942 на 975, што повторно ја поттикна дебатата за дозволување убивање волци во деловите на Германија каде што е забележан најголем број напади.

„Германија мора да инвестира во мерки што ги одбиваат волците од добитокот“

Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) неодамна донесе резолуција во Европскиот парламент за промена на директивата на ЕУ за заштита на флората и фауната, со што би се овозможило контролирано убивање на волци.

Во извештајот на Федералната канцеларија за заштита на природата се наведува дека сојузните држави со најголем број волци добиле значителни средства за заштита на стадата. За оваа цел лани се издвоени 16,6 милиони евра, меѓу другото, за подигање електрични огради и за набавка на кучиња чувари.

Истата година државата исплатила над половина милион евра обештетување на сопствениците на стадата кои претрпеле напади од волци. Германскиот огранок на светската организација за заштита на животните, WWF, јасно се изјасни против релаксирање на правилата за строга заштита на волците.

„Сегашните бројки во однос на бројот на волци во Германија јасно покажуваат дека Германија сè уште треба да инвестира во мерки кои ги одбиваат волците од добитокот, како што се заштитните огради. Некорисните дебати и популистичките повици за убивање не помагаат никому“, се вели во соопштението на WWF. Германија..

Повеќето волци потекнуваат од Источна Европа

Во Германија, убивањето на волци е забрането со исклучоци во случај на агресивно однесување на животните кон луѓето, што, сепак, сè уште не е евидентирано од воведувањето на ова правило во 1998 година.

Во таканаречената година на волкот, која започнува на 1 мај и трае до 30 април следната 2021/2022 година. Пронајдени се 148 мртви животни, од кои најголем дел загинале во сообраќајни несреќи. И покрај забраната за убивање илегално се убиени 13 животни.

Поголемиот дел од волците потекнуваат од Источна Европа, особено Полска, а најголем број на волци во Германија се забележани во источните, ретко населени области на Бранденбург и Саксонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни