Балкан

Во Грција казнуваат и за бавно возење

Во Грција казнуваат и за бавно возење

Во Грција се изрекуваат казни и за бавно возење. Доколку не се почитува означената минимална брзина прикажана на синиот кружен сообраќаен знак со бела цифра, следува глоба од 30 евра.

Според Законот за сообраќај во Грција, казна може да добие и возач кој се движи неоправдано бавно, бидејќи таквото возење го попречува нормалниот тек на сообраќајот и ги принудува останатите учесници да менуваат ленти и да претекнуваат, што ја зголемува опасноста на патот.

Минималната брзина на автопатите и експресните патишта е 70 километри на час. Доколку возилото не може да ја одржува оваа брзина, возачот треба да се префрли на друг пат каде што е дозволено побавно движење.

Знакот за минимална брзина е кружен, со син фон и бел број што ја означува најниската дозволена брзина. Според член 23 од законот, возачите не смеат неоправдано да го попречуваат сообраќајот, а прекршок се констатира кога возилото се движи необично бавно без валидна причина.

Предвидени се и исклучоци: кога коловозот е во лоша состојба, при неповолни временски прилики или во услови на густа сообраќајна гужва, намалувањето на брзината е оправдано и не се изрекува санкција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни