Екипи на Одделот за антитероризам на полицијата во Истанбул денеска приведоа единаесет лица осомничени за членство во џихадистички терористички организации, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Акцијата била спроведена во седум области на Истанбул. Претресени се 11 адреси, а досега се приведени единаесет лица осомничени за членство во групите Исламска држава (Даеш), Ал Каеда и Хајат Тахрир ал Шам.
Сите уапсени се странски државјани.
Во 2013 година Турција беше една од првите земји што ја вклучи Исламската држава на листата на терористички организации.
Оттогаш, земјата постојано беше цел на групата, со најмалку десет самоубиствени напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади, при што загинаа најмалку 300 луѓе, а стотици беа повредени.