Во изминатите две години се снимале разговорите во зградата на Јавното обвинителство

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната средба со новинарите истакна дека најмалку две години се снимаат разговорите на фиксната телефонија во зградата на Јавното обвинителство.

Во централата на два хард диска се пронајдени телефонски разговори од 30 септември 2016 година кои биле водени внатре во зградата и повиците кои доаѓале и оделе од фиксните телефони. Истражувањата треба да покажат дали некој и надвор од Јавното обвинителство ги користел податоците, односно телефонските разговори.

Исто така како што кажа Јовески, ќе се истражува дали се снимале разговори и пред 30 септември.

Извор: ТВ21