Свет

Во Киев се слушнале неколку експлозии

Во Киев се слушнале неколку експлозии

Четири експлозии се слушнале во неделата рано наутро во Киев, погоден е станбен комплекс во близина на центарот на градот, предизвикувајќи пожар и ослободување на голем облак од сив чад, пренесе АФП.

Експлозиите се случиле околу 6:30 часот, а нема информации за жртви.

Информацијата за експлозиите ја потврди и градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко. Тој напиша за тоа на својата страница во Телеграм, информира UNIAN.

Тој објасни дека експлозиите се слушнале во областа Шевченко и додаде дека лекарите и спасувачите веќе пристигнале на местото на настанот. Кличко рече дека специјалисти ги евакуираат луѓето од две куќи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни