Во Кина оваа година е забележана најтоплата пролет од почетокот на мерењата, а просечната температура низ земјата меѓу март и мај достигна 12,3 степени Целзиусови.
Ова е за 1,4 степени повеќе од претходниот рекорд, кој беше 10,9 степени во истиот период од претходните години, објави Global Times.
Температурите во повеќето региони низ Кина во текот на пролетта оваа година беа за еден до два степени повисоки од просечните.