Комплетно сe менува ликот на локацијата во близина на улицата “Герника” во селото Драчево, каде се наоѓа последната постојка за автoбусот бр.41. И покрај бројните апели на локалната самоуправа, несовесни граѓани на оваа локација постојано фрлаа отпад и создаваа депонија. Општина Кисела Вода одлучи ова место да го облагороди и култивира, односно на оваа локација да изгради парк кој ќе биде пријатно место за одмор и рекреација на жителите од овој дел од градот. Општина Кисела Вода преку бројни акции собра преку 1100 тони отпад од својата територија. Од нив, 300 тони беа собрани од дивите депонии.
„Наша заложба е до крајот на мандатот во секоја месна и урбана заедница да направиме по еден ваков парк кои ќе служи за интеракција на нашите сограѓани, а нормално и да ја зазелениме нашата општина, Кисела Вода и секако, градот Скопје“, вели Филип Темелковски – градоначалник на О. Кисела Вода.
„Здравата животна средина е наша грижа. Во овој дел од градот досега немало вакво уредување на паркови и редно е да започнеме онаму каде што немало, а се места кои важат дека се критични и позагадени, и полоша животна средина да почнеме да ги уредуваме“, вели Петре Шилегов – градоначалник на Град Скопје.
