Светската престолнина на филмот и дом на прекрасниот Холивуд – градот Лос Анџелес може да се пофали со многу музеи, но досега ниту еден од нив не бил посветен на кино.
По неколку одложувања, Филмскиот музеј на Академијата конечно ќе биде отворен за јавноста следната недела.
„Лос Анџелес конечно добива филмски музеј и крајно време беше за тоа! За Лос Анџелес е важно да го има овој филмски музеј“, истакна Том Хенкс додека ги поздравуваше новинарите на специјалниот настан пред официјалното отворање.
Меѓу експонатите се оригинални костими од филмовите „Дракула“, фигури од „Господарот на прстените“, „Обликот на водата“, „Војна на ѕвездите” и други.
„Дали ни е потребен кино-музеј? Да. Затоа што треба да го славиме сѐ она што овој град му донесе на светот!, рече Хенкс.
Директорот на музејот, Бил Крејмер истакна дека сакаат да ги претстават сите меѓународни и разновидни приказни за снимањето филмови, во нивните галерии.
