Македонија

Во Македонија фатен човек баран од Интерпол-Атина

На Граничниот премин „Блато“, вчера, полициски службеници привеле едно лице кое било барано од Интерпол-Атина.

Во извештајот на МВР се наведува дека станува збор за лицето Н.К.(39) од Република Албанија и истиот бил лишан од слобода поради тоа што при извршена гранична контрола, било констатирано дека е евидентиран во службената евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Атина.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни