Балкан

Во морето пронајдено тело на Италијанец кој падна од едрилица поради невреме

Во морето пронајдено тело на Италијанец кој падна од едрилица поради невреме

По еднодневна потрага во саботата попладне, во морето кај пристаништето Новиград во Хрватска е забележано тело на маж, а се претпоставува дека се работи за 71-годишен италијански државјанин кој во петокот поради невреме паднал од едрилица.

Телото наводно го забележал екипажот на туристичкиот брод.

Веста за исчезнување на машко лице по пад од едрилица во морето кај Новиград во Истра, МРЦЦ Риека ја пријавила до службениците на пристанишната управа на Пула во петокот околу 16 часот и 15 минути, по што била започната координирана операција за пребарување, а за инцидентот била известена и поморската и аеродромската полициска станица Пула.

Со вештачење на телото е утврдено дека причина за смртта е давење, а надлежното обвинителство нареди обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни