Балкан

Во напуштен камион во Бугарија пронајдени тела на 18 мигранти, меѓу нив и дете

Во напуштен камион во Бугарија пронајдени тела на 18 мигранти, меѓу нив и дете

Полицијата денеска пронајде безживотни тела на 18 мигранти во Бугарија, за кои се претпоставува дека се задушиле во напуштен камион.

Мигрантите, за кои се претпоставува дека се од Авганистан, биле пронајдени во близина на западното бугарско село Локорско, откако некој ја известил полицијата за напуштено возило.

Во камион со бугарски регистарски таблички патувале околу 40 мигранти. Единаесет преживеани се префрлени во три болници во Софија, изјави министерот за здравство Асен Меџидиев.

Изгледа дека биле без вода и храна долго време пред да бидат спасени. Се уште не е јасно колку долго групата патувала во камионот. Немало сообраќајна незгода, соопшти МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни