Балкан

Во Ниш уапсени државјани на Бугарија и Азербејџан – мислеле дека можат да ги поткупат граничарите!

Во Ниш уапсени државјани на Бугарија и Азербејџан – мислеле дека можат да ги поткупат граничарите!

Полицијата во Ниш уапсила двајца државјани на Бугарија и Азербејџан поради сомнение дека се обиделе да ги поткупат властите на аеродромот во Ниш, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВП) на Србија.

Во соопштението се наведува дека Х.Н.Г. е осомничен дека при контролата пред комплексот аеродром „Константин Велики“ им дал 100 евра на гранични полицајци за да не го гонат за прекршување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Во друг случај, при контрола на паркингот на аеродромскиот комплекс во Ниш, осомничениот А.Ш. им дал на полицајците 50 евра за да не го прегледаат возилото, патниците и багажот“, соопшти МВР на Србија.

На двајцата осомничени им е одреден притвор до 48 часа и ќе бидат спроведени во Обвинителство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни