Во паркот „Жена Борец“, наспроти Собранието во Скопје денеска започна мирен марш посветен на самохраните и еднородителските семејства.
Маршот е со цел да се подигне свеста во јавноста за секојдневните проблеми со кои се соочуваат самохраните и еднородителските семејства.
„Поводот за организирање на овој марш се сериозни прашања и барања на нашите членки. Сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Темата за самохраните родители не смее да биде табу. Не повеќе“, велат од тимот на „Една може“.
Маршот започна во 13 часот во Жена парк додека пак ќе продолжи до Министерството за труд и социјална политика.