Македонија

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

Патниците кои во понеделник ќе патуваат кон Грција треба да очекуваат забавен проток на границата, поради најавен штрајк на грчките царински службеници.

Министерството за внатрешни работи информира дека според добиените информации од надлежните органи во Република Грција, на 27 јули 2026 година (понеделник) ќе се одржи штрајк на царинските службеници на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Штрајкот ќе трае од 05:00 до 09:00 часот по македонско време, односно од 06:00 до 10:00 часот по грчко време.

Во овој период, патничките возила ќе се пропуштаат во ограничен режим – на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај целосно ќе биде прекинат за влез и излез од Грција.

Од МВР апелираат до граѓаните да се информираат навреме и да го планираат патувањето, имајќи ги предвид можните задржувања на граничните премини.

Од страна на македонската полиција ќе бидат преземени сите потребни мерки, а ќе бидат ставени во функција сите расположливи човечки и технички капацитети со цел одржување на нормално одвивање на сообраќајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни