Свет

Во последниот премиерски телефонски повик Џонсон се прости од „пријателот“ Зеленски

Во последниот премиерски телефонски повик Џонсон се прости од „пријателот“ Зеленски

Во неговиот последен телефонски разговор како британски премиер, Борис Џонсон, денеска им оддаде почит на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на украинскиот народ, изјавувајќи дека можат и ќе ја победат Русија и вети дека ќе останат во контакт како пријатели.

„Премиерот разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да му се заблагодари за неговото лидерство и пријателство. Премиерот јасно стави до знаење дека верува оти претседателот Зеленски и неговиот народ можат и ќе ја добијат војната во Украина“, соопшти портпаролот на Даунинг стрит.

-Премиерот му кажа на претседателот Зеленски дека е привилегија да соработува со него и да го поддржува, а двајцата лидери се согласија да останат во контакт како блиски пријатели, додаде портпаролот.

Џонсон утре и официјално ќе поднесе оставка од функцијата премиер, а на негово место доаѓа шефицата на британската дипломатија Лиз Трас, која денеска победи на внатре партиските избори во владејачката Конзервативна партија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни