Рим ќе гради национален музеј на холокаустот, соопшти денеска италијанската влада. Во тој проект е планирано да се вложат десет милиони евра, а музејот треба да придонесе споменот на трагедијата во Шоа да остане жив и присутен, се вели во владиното соопштение.
Corriere della Serra пишува дека пред неколку години градот добил земјиште за овој проект во паркот Вила Торлонија, на североистокот на Рим. Таму се наоѓа и летната резиденција на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини. По години стагнација, проектот конечно почнува да се реализира.
„Музејот „Шоа“ постои во сите големи европски метрополи и јас сметав дека е правилно тој да се реализира во нашата земја“, рече Џенаро Санџулијано, министерот за култура, користејќи го хебрејскиот збор за Холокаустот. Владата доцна синоќа го одобри планот.
Главниот град на Италија е дом на една од најстарите еврејски заедници во Европа. Рут Дурегело, претседателката на еврејската заедница во Рим, се заблагодари на владата за конкретната грижа за сеќавањето на таа трагедија.