Свет

Во Романија си ги крстија децата со чудни имиња, погледнете какви

Во Романија си ги крстија децата со чудни имиња, погледнете какви

Пабло Ескобар, Феникс, Зулија или Дорелијан – ова се само мал дел од имињата споменати во изводите на родени во Романија во 2022 година.

„Родителите беа инспирирани од модерните серии или едноставно сакаа да бидат оригинални“, се вели во извештајот на Digi24. Повеќе од 6.000 деца се родени само во Клуж во 2022 година.

Меѓу најнеобичните имиња за момчиња се Аријан, Ајан, Џеремаја-Адонас, Каин, Елијас, Рикардо – Амбросио, Емилио – Ескобар, Авијан, Феникс, Изарин, Енох, Алонсо – Јовановиќ, Елио, Лиас, Хагаи, Ралф – Хералд, Асаф, Алп, Евалд, Реин – Луис – Пепе.

Во исто време, родителите избираат имиња за девојчиња како што се Ралиција, Зехара, Серафима – Филофтеа, Ефтарија, Саманта, Евелин-Азалеа, Лисет, Дебора-Наоми, Ајана-Каролина, Маја-Елиета, Јара, Џесика – Реина, Миријам – Дамарис, Аделиса, Шеба, Теса, Нереја, Јунис, Ајлин, Хадаса, Сефора, Тијана, Ирска, Заира, Фабриција, Села.

Андреј, Матеи, Шефан и Александру за момчињата и Марија, Софија, Елена, Анастасија за девојчињата остануваат најпосакуваните традиционални романски имиња, забележува Диги24.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни