Македонија

Во Русија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 491 лице, најмногу од почетокот на епидемијата

Во последните 24 часа во Русија од Ковид-19 умреле уште  491 лице, најмногу во едно деноноќие од почетокот на епидемијата.

Претходниот ден руските здравствени власти регистрираа 361 смртен случај.

Тасс пренесува дека од последниот пресек, потврдени се уште 24.326 новоинфицирани лица.

Од почетокот на епидемијата, во Русија се регистрирани 2.138.828 случаи на коронавирус, а досега умреле 37.031 лице.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни