Во СДСМ отворена книга на жалост за Трајче Нешковски

Во седиштето на СДСМ, денеска е отворена книга на жалост, по повод прераната смрт на доктор Трајче Нешковски, кој вчера почина по сообраќајна незгода на „Рузвелтова“ во Скопје, откако му се слошило, па со автомобилот удрил во дрво.

Се вчитува...

„По повод прераната и ненадејна смрт на нашиот најдраг другар Трајче Нешковски, во седиштето на СДСМ во Скопје отворена е книга на жалост. Во книгата на жалост, во овие 3 дена ќе можат своето сочувство да го изразат сите оние кои сакаат да се простат од нашиот пријател, другар и сопартиец.“, велат од СДСМ.

По повод прераната и ненадејна смрт на нашиот најдраг другар Трајче Нешковски, во седиштето на СДСМ во Скопје отворена е…

Posted by СДММ – Социјалдемократска Младина на Македонија on Thursday, October 15, 2020

.

Извор: ТВ21