Македонија

Во Скопје дувало ветер со 70km/h – каква ќе биде ноќта?

Во Скопје дувало ветер со 70km/h – каква ќе биде ноќта?

Денес во попладневните часови на повеќе места во земјава беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално имаше поизразена нестабилност со поинтензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Подрачјето на Скопската Котлина во попладневните часови беше зафатено од поголема нестабилна облачна маса што се манифестираше со појава на невреме во поширокото подрачје на котлината. Невремето беше проследено со интензивен пороен дожд кој наврна за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (на Зајчев Рид 70км/час) и појава на град на повеќе места во котлината. Со оглед на тоа дека врнежите во овој период се од локален карактер, па така на мерните места на УХМР се измерени следниве количини.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 12 часа до 20 часот (во l/m2)
24 Крушево, 12 Тополчани, 11 Берово, 8 Скопје-Зајчев Рид, 4 Тетово, П.Шапка, 3 Маврово, 1 Пожаране.

Во ноќните часови се очекува ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни