Во Скопје две породувања во минута по полноќ, едно во кличнички и едно во Чаир, и двете бебиња машки

Ведран Ангеловски и Николај Карин се првите новороденчиња кои се родија во првата минута на 2019 година. Ведран се роди на Универзитетскиот клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со царски рез, а Николај пак, на светот дојде по природен пат во породилиштето во Чаир.

Министерот за здравство, Венко Филипче, им посака долг и здрав живот на новороденчињата.

Се вчитува...

Дежурната екипа во Универзитетскиот гинеколошки центар, според директорот на клиниката, Игор Самарџиски, била многу ангажирана, бидејќи имала неколку комплицирани случаи.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги посетија родилката и новороденчето. Царовска, на родилката и подари златник, а Шилегов штедна книшка со 20 илјади денари. За разлика од Ведран кој се роди со царски рез, Николај на светот дојде спонтано минута по полноќ во Гинеколошката болница во Чаир.

Од Гинекологија Чаир се задоволни од сите породувања кои се случиле вчера и велат дека до овој момент родилките и новороденчињата се во одлична здравствена состојба.

Во двете породилишта, Скопје и Чаир, вчера се родија 15 здрави новороденчиња. Во Одделот за гинекологија во Скопје, во текот на вчерашната ноќ се родиле 7 новороденчиња, а во Чаир 8. Инаку, минатата година во Клинички центар биле родени 4,630, а во Чаир 4,132 новороденчиња.

Репортерка: Салије Садику

Извор: ТВ21