Македонија

Во Скопје заседава заедничка историска комисија меѓу Бугарија и Македонија

Во Скопје заседава заедничка историска комисија меѓу Бугарија и Македонија

Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Бугарија денеска ќе заседава втор ден во Скопје.

Вчера, по пристигнувањето во македонското МНР, бугарските историчари не сакаа да дадат изјава и да откријат детали за тоа што ќе се разговара на средбата, забележува агенцијата.

На вчерашната средба, на македонскиот тим му се придружи и Димитар Лоровски, историчар и професор на Институтот за национална историја, на местото на Ванчо Георгиев, кој минатата година ја напушти комисијата.

Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки за подобрување на учебниците по историја за VI одделение во Република Северна Македонија и за 5 одделение во Бугарија, како и препораки за заедничко почитување на личности од Среден век – Св. Кирил и Методиј, св. Климент, св. Наум и цар Самуил. Овие препораки беа усвоени од Мешовитата меѓувладина комисија формирана во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Георгиев, по објавувањето на препораките, на прес-конференција посветена на учебниците, објасни дека целта е да се сменат работите за кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете земји и кои можат да предизвикаат тензии, омраза кај помладите генерации. Георгиев оцени дека периодот од 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и истакна дека по никоја цена нема да бидат прифатени решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни