Свет

Во случај на нуклеарна војна: Се смета дека ова е најсигурното место!

Во случај на нуклеарна војна: Се смета дека ова е најсигурното место!

Светот продолжува да се плаши од можноста за нуклеарна војна

Откако Владимир Путин ги стави нуклеарните сили во готовност, светот не престана да се плаши од нуклеарна војна. Министерот Сергеј Лавров испрати и предупредување дека Третата светска војна ќе биде „нуклеарна и деструктивна“.

И покрај тоа што Путин ги стави нуклеарните сили во висока готовност, што не значи дека тој ќе ги искористи, многумина почнаа да размислуваат каде би можеле да побегнат во најлошото сценарио.

На интернет се појави мапа која покажува дека јужната хемисфера би била најбезбедното место на земјата.

Според Федерацијата на американски научници, Русија и САД поседуваат повеќе од 90 отсто од нуклеарните боеви глави во светот. Се разбира, точноста на оваа карта зависи од тоа дали бомбите ќе бидат фрлени врз земја која веќе има нуклеарно оружје.

Постојат голем број други фактори кои треба да се земат предвид, пишува Indy100.

Глобалните температури ќе се намалат, а озонот ќе се осиромашува во текот на следните години. Помалку култури би растеле, сушите би биле почести, а ракот на кожата и изгорениците би биле почести поради осиромашување на озонската обвивка.

Затоа, идеално место би било некаде без премногу сонце, во Африка или Јужна Америка, со изобилни ресурси на храна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни